Потпретседателката на СДСМ и вицепремиерка Мила Царовска во интервју за „360 Степени“ на Алсат зборуваше за нејзината наследничка на министерката позиција во Труд и социјала, Рашела Мизрахи и барањето за разрешување од Владата поради случајот со таблата на која стои старото име на земјава.

„Секој министер потпишува свечена изјава дека ќе служи на граѓаните и дека ќе работи согласно Уставот и законите. Имаше една несреќна изјава во којашто вели дека ќе плати парична казна или прекршочна казна по однос на непочитување на Уставот… но повеќе станува збор за политичка одговорност“, вели Царовска.

Во однос на оправданието на Мизрахи дека таблата е наследена во министерството, Царовска рече дека Министерството за труд и социјална политика има официјална табла на влезот на министерството со новото име.

„Јас користев банер поради тоа што мојата активност како министерка беше главно на терен, во министерството имав една или две прес конференции по промената на Уставот и се гледа дека јас користев банер. Тоа е решение коешто јас сум го избрала. Секој министер согласно својата динамика на работа си креира, дали табла, дали банер, за одржување на прес конференции. Но, официјалната табла којашто секоја институција треба да ја има, стои на вратата на министерството“, рече Царовска.

Таа вели дека постојат 4 табли, како и банерот којшто го користела Царовска, но и прес сала со бели ѕидови, но дека Мизрахи одбрала да стои пред оваа табла со непроменето име и за тоа треба да сноси политичка одговорност.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...