Нема договор меѓу ДУИ и Министерството за труд и социјална политика.Партијата на Али Ахмети бара од Владата да ги повлече трите закони од социјалната сфера кои ги достави до Собранието. ДУИ бара од Владата да се достават нови, корегирани закони кои ги изготвува министерството на Мила Царовска.Велат дека Измените на Законот за социјална заштита, Законот за социјална пензија и Законот за заштита на децата не се во согласност со ветувањата кои што се ставени во програмата на Владата.

Бараат да се прецизираат термините како што се домаќинство и семејство за добивање на социјална помош. Државна помош за трето дете да има право да добива мајка која има вкупни месечни приходи до просечна плата, а не минимална како што предлага Владата. Социјалната пензија да се однесува за сите лица кои имаат над 65 години и живеат последните 20 години во државата, без разлика на приходите кои ги има нивниот брачен другар, односно да се однесува за двајцата. Од партијата велат дека Владата треба да прави разлика помеѓу социјални и демографски мерки.

„Според тоа што ние го согледавме во Законот, за да се стекне социјална помош во иднина треба примателот на социјална помош повеќе да се занимава со документација него со тоа што ќе му служи како социјална помош од 4.000 или 6.000 денари колку и да биде. Толку се ограничувачки елементите за да се добие таа социјална помош, а второ мислиме дека намерно се прават некои работи може би и да не се земе социјална помош. Значи да ги разграничиме работите околу домаќинство и семејство, што е демографска мерка за законот за деца, што е социјална помош. И тука ние не се сложуваме“, рече Реџаил Исмаили, пратеник ДУИ.

Додека ДУИ чека изменети закони, од Кабинетот на министерката Царовска велат дека пак чекаат амандмани на предложените закони.

Министерство за труд и социјална политика:

Пакет законите од социјалната реформа кои се со европско знаменце се усвоени на владина седница и веќе се испратени во Собранието на Република Северна Македонија. Очекуваме законите да влезат во процедура на следната собраниска сесија и во оваа процедура пратениците на ДУИ да го поднесат најавениот амандман“

Во јавноста имаше гласини дека за овој пакет закони поради спорот со ДУИ дури е можно разрешување на министерката Царовска. Премиерот Зоран Заев вчера ги негираше ваквите шпекулации. Кажа дека е постигнат договор за Законот за социјална заштита во однос на дефинирање на семејството, но не и за другите барања на ДУИ.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...