Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека зголемувањето на минималецот ги дало посакуваните резултати. Премиерот Зоран Заев за годинава најави уште едно зголемување на минималната плата, но за тоа реагираа вчера од Меѓународниот монетарен фонд.

Тие сметаат дека новото покачување ќе ја зголеми сивата економија и невработеноста кај младите зголеми сивата економија и невработеноста кај младите. Министерката Царовска денеска немаше конкретен одговор на забелешките на монетарците.

„Ние како министерство донесовме посебна стратегија за неформалната економија, ја операционализиравме во планови. Важно е дека сега се собираат податоците, се следи и се гледа кои се можностите за нејзино намалување“, рече Царовска.

Премиерот Заев на почетокот на годинава најави дека има простор за уште едно зголемување на минималната плата без да го каже прагот до кој би пораснала. Кажа дека за ова ќе дебатираат и со синдикалните организации и со бизнис-секторот.

Инаку, од ММФ сметаат дека ако власта повторно законски им наложи на фирмите да мора да ја покачат минималната плата, тоа би можело да резултира со негативни ефекти, односно евентуално фирмите би наоѓале начин како своите работници да не ги вработуваат, а би ги исплаќале на разни незаконски начини.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me