„Постои политички и социјален баланс во собранието што обезбедува големо мнозинство потребно за гласање кога ќе биде постигнат договорот со ФИРОМ“, рече претпладнево портпаролот на грчката влада, Димитрис Цанакопулос во изјава за грчка телевизија.

Тој истакна дека во моментот сѐ уште нема договор со другата страна, но кога тој би бил постигнат ќе ги информирале сите политички фактори во земјата, како и грчкиот народ, пренесува АНА-МПА.

Цанакопулос порача дека водачот на главната грчка опозициска партија, Нова демократија, Киријакос Мицотакис, треба да заземе јасна позиција во корист на решението, коешто е врз основа на условите што ги поставила државата.

„Ништо не е договорено додека не се договори сѐ“, рече портпаротлот Цанакопулос повторувајќи ги ставовите на грчката влада дека решение за името не може да се постигне без исполнување на сите барања од грчката страна.

Loading...

Shpërndaj me