Британскиот актер Хју Грант по петти пат стана татко, а честитките пристигнуваат од сите краеви на светот.

На 57 годишна возраст, актерот го доби своето трето дете со неговата девојка Ана Еберстеин. Иако многумина сакаат да го дознаат полот и името на детето, славните родители не открија повеќе детали за медиумите.

Уште од моментот на доделувањето на Златните глобуси, кога новинарите приметија дека Еберстеин е бремена, Хју Грант вешто ја избегнуваше оваа тема.

Единствените информации ги соопшти мајката на Ана која потврди дека парот очекува принова.

Освен трите деца со Ана, Хју исто така има син и ќерка од врската со Тинлан Хонг.

Shpërndaj me