Разновидна храна денеска можеше да се најде на импровизираниот пазар во О.У. „25 Мај“ во Сингелиќ на хуманитарната акција организирана од учениците за да собираат пари за сиромашните семејства. Учениците во улога на готвачи и продавачи, со љубов ја продаваа храната која ја бараа хуманите купувачи.

“Јас сум Ерди и одам во трето одделение. Отворивме школски пазар за да собереме пари и да им ги однесеме на сиромашните“.

“Ова е одлична активност и уживаме. Кој ја подготвил храната? Мама заедно со мене. Што сте донеле во училиште? Мали пици. Дали му помагаше на мама при подготвувањето? Да“.

“Школски пазар за да им помогнеме на тие што немаат. Што сте продавале денеска, каква храна имате? Пити, кифли, праски, колачи“, кажуваат учениците.

Организаторите велат дека собраните средства на ова хуманитарна активност ќе им ја ублажи состојбата на неколку сиромашни семејства чии деца учат во ова училиште.

“Во акцијата беа вклучени 9 паралелки, 5 од одделенска настава и 4 од предметна настава. Бидејќи нашето училиште е во средина каде секоја куќа има ученици кај нас и лани и годинава собраните пари ќе одат за семејствата на учениците“, изјави Сузана Јакупи Курбановиќ, наставничка.

Освен продажбата на храна, хуманитарната акција беше придружена и со уметничка програма подготвена од школскиот оркестар.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me