Хрватската полиција поднела прва пријава за ширење лажни вести против 34-годишен маж кој  измислил дека го нападнале мигранти.

Според членот 16 од хрватскиот закон за прекршоци против јавниот ред и мир, за ширење на лажни вести предвидена е парична казна или затвор до 30 дена.

Хрватските медиуми наведуваат дека ова е прва таква пријава во Хрватска во која е многу актуелно ширењето на лажни вести за мигрантите.

Како што пренесува Индекс.хр, настанот се случил во Оточац, каде мажот снимил видео и го испратил до новинарка тврдејќи дека бил нападнат од мигранти.

Loading...

Shpërndaj me