Македонија ќе ја има поддршката на Хрватска за побрза интеграција во НАТО и ЕУ, но откако ќе се реши проблемот со името со Грција. Ова беше ставот на хрватската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Пеќиновиќ, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Според неа, обидите да се најде решение за името и спроведувањето на реформите ја прави Македонија држава со потенцијал да стане членка на евроатлантските структури.

Македонија е земја пријател на Хрватска и веднаш откако ќе го реши спорот со името ќе добие поддршка од нашата држава со цел што побрзо да стане дел од НАТО и да ги отпочне преговорите за членство и во ЕУ“, изјави Марија Пејчиновиќ- вицепремиер на Хрватска

Димитров рече дека поддршката од Загреб е значајна имајќи предвид дека Хрватска е најновиот член на ЕУ.

Шефовите на дипломатиите на средбата разговарале за унапредување на правата на македонските државјани кои живеат во Хрватска и на Хрватите во Македонија.

Бесијан Лека

Shpërndaj me