Тешка ќе биде оваа туристичка сезона, предупредуваат од туристичкиот сектор.Алсат дознава дека вкупните финансиски загуби кои од Хотелската асоцијација на Македонија ги доставиле до Владата, а каде се потпишани вкупо 26 хотели од целата држава изнесува триста седумдесет и три милиони денари.

Откажувањата се големи, а хотелските капацитети и во Охрид и Струга се празни. Некои затворија, а други функционираат со мал капацитет, иако во мај се очекуваше да пристигнат првите групи со туристи од Холандија, Белгија и Полска.

„Загубите се огромни и ќе бидат од ден на ден големи и незнаеме како ќе се движат понатаму.Еве го мај, за еден месец ќе дојде.Јас мислам и  според сите проценки кои ги добиваме, во следниот месец, ние ќе го добиеме тој пик на овој вирус и потоа ќе ни треба уште еден месец  опоравување од тој вирус.Јас се надевам ние да почнеме крајот на мај, почетокот на јуни“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Од туристичкиот сектор велат дека ваквата состојба ги затекнала сите.

„Како сопственик на угостителски објект, најголемиот страв на сите  е колку ќе потрае сето ова.Ако се вонредни мерки, сакаме и да ги почитуваме вонредните мерки.Идеално би било ова да заврши до летната сезона инаку ќе имаме огромни економски штети.Веќе не ги сметаме мај и јуни, бидејки сите аранжмани за тогаш се откажани во март и април.Се надеваме барем јули да биде постабилен и луѓето да не се плашат“, вели Агим Пошка-сопственик на угостителски објект во Струга.

„Многу тешка сезона не очекува. Оваа година не зборуваме ние за приходи и за добивки. Имаме ослободување во сетот на мерките од добивката, но тоа не не спасува, бидејки нема да имаме никакви добивки. Не е дека некој од хотелите ќе направи добивка. Сите сме во иста каша. Нема гости, затворени граници, нема авионски линии“, рече Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Како што Алсат веќе објави, хотелиерите бараат владата да излезе со посериозни сет мерки. Бараат наместо 50% ослободување од давачките кон државата,истите да бидат 100% за да можат да поделат плати и да се блокираат сите давачки кон банките најмалку до септември. Велат дека не ја исклучуваат можноста за отпуштања од работа, на дел од персоналот.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...