Поради долгите и комплицирани административни процедури за добивање на субвенции и нивната неисплата и за последните три години наназад, странските тур-оператори ја заобиколуваат земјава, реагираат од туристичкиот сектор. На денешната средба во Охрид со првите луѓе на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, хотелиерите побараа промени во овој сектор.

„Доживеавме наместо зголемен број на летови посебно од земјите од Бенелукс, да имаме намален број летови. И да имаме тур-оператори кои се бренд на светско ниво, да се откажуваат од Охрид и Македонија. Сето тоа по досегашните анализи се должи на комплицираниот начин на прибирање на документи, преобемна документација, премали рокови…“, рече Дончо Таневски, Хотелска Асоцијација на Македонија (ХОТАМ).

„Имаме застој во кој странските тур-оператори, не можат со месеци или години да чекаат за да бидат исплатени. Во последно време имаме ситуации каде околните наши земји земаат сè поголем број на странски тур-оператори…“, вели  Асим Меџедовиќ-сопственик на туристичка агенција.

Но, од Агенцијата за туризам се бранат. Велат дека редовно ги исплаќале субвенциите за странските тури. Оние тур-оператори кои не добиле пари, наводно немале комплетна документација.

„Нашите предлози сега ќе бидат малку видоизменети и во процедурата и во сегментот на плаќање бидејќи сите пазари не се исти. Едни пазари се плаќаат 65 евра, а за други 15 и 25 евра. Ние тоа треба да го смениме…“, рече Љупчо Јаневски-директор на Агенција за подршка и промоција на туризам.

Од Хотелската асоцијација алармираат ако државата не сака туристичкиот сектор во земјава да доживее крах во наредните години, тогаш ќе мора итно нешто да промени, а допрва ќе ја информираат јавноста за загубите од оваа сезона.

Мики Трајковски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...