Полицијата во Хонгконг би можело да употреби боева мнуниција против демонстрантите, пренесува локална национална телевизија повикувајќи се на извори во полицијата.

Претставникот од министерството за внатрешни работи, Луис Лау, снимил обраќање во кое соопшти дека демонстрантите врз полицијата фрлале молотово коктели, ги гаѓале со стрели, па дури и се обидувале да ги прегазат. Тој предупреди дека во случај насилството над полицијата да продолжи, полицајците ќе може да употребат минимална сила против насилните демонстранти, вклучувајќи и боева муниција.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...