Холандија е победник на најпознатиот музички фестивал познат како „Евровизија“, со што следната година ќе организатор на овој спектакл. Со баладата „Аркаде“ во изведба на Данкан Лоренс, Холандија освои најмногу бодови од сите 25 ученици.
На фестивалот одржан во Тел Авив во Израел, Италија заврши на втората позиција а Русија трета. Азербејџан го освои седмото место додека Северна Македонија осмото.

Но, сосема поинакви беа резултатите на гласањето на 41 земји. Претставничката на Северна Македонија, Тамара Додевска со песната „Прауд“ речиси цело време водеше на листата. 36 од 41 земји дадоа своја проценка за нејзината песна. Максимумот од 12 поени ги дадоа Албанија, Австрија, В. Британија, Србија, Швајцарија и Молдавија.

Ова беше најголемото достигнување на Северна Македонија од своето прво учество на музичкиот Европски фестивал во 1998 година. Од земјите од регионот, Србија се рангираше на 17 место, додека Албанија и нејзината претставничка Јонида Малиќи на 18-то место.Велика Британија остана последна на листата.Финалето на ова издание беше составено од изведбата на поп-ѕвездата, Мадона .И покрај повиците за бојкот на фестивалот, Мадона рече дека нема да одговара на политичките агенди.Двајца од танчерите во нејзиниот настап носеа костуми со знамето на Израел и Палестина. Во меѓувреме за време на гласањето, палестинските знамиња беа откриени и од страна на претставниците на Исланд. Првиот Евровизиски фестивал се одржа во 1956 година, со цел обединување на Европа после Втората светска војна.

Алсат

Loading...

Shpërndaj me

Loading...