Хеленик Петролеум кој е сопственик на рафинеријата Окта ја тужи државата и бара отштета од 32 милиони долари поради непочитување на договорот за купување на мазут. Ова го потврдија од Владата. Од 2007 до крајот на 2011 година до кога работеше рефинеријата, државата според договорот имала обврска да набавува по 500 илјади тони мазут на годишно ниво.

Но, државата во овој период не ја исполнила својата обврска, за што Хеленик Петролеум сега бара оштета од државата. Владиниот потпарол вели дека започнати се преговори со грчката компанија за да се намали висината на оштетата која што Хеленик петролеум ја бара од државата.

„Во момемнтов владата започнува процес на преговори со цел да се изнајде решение со која ќе се намали потенцијалната штета врз Буџетот на Македонија направен пред повеќе од 20 години“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада.

Ова не е прва тужба која што ја има Македонија од Хеленик Петролеум. Во 2007 година изгуби ваква арбитражна постапка бидејќи од 1999 до 2007 година не ја исполнила својата обврска според договорот за ОКТА, односно не купувала по 500 илјади тони мазут годишно.

Тогаш требало да плати 86 милиони долари, но по порамнување на крај платила само 40 милиони долари на Хеленик Петролеум. Претставници од Хеленик Петролеум минатата година неколку пати бараа средба со владини претставници пред се за решавање на проблемот со нафтоводот кој повеќе од седум години не е во функција, но и за новата методологија за пресметка на цената на горивата која што треба да биде изготвена заклучно со јуни годинава.

Неофицијална средба со грчката компанија како што информираа од Владата имало летото, по што е формирана работна група за решавање на споровите меѓу двете страни.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me