Хеленик Петролеум газда на  ОКТА,  молчи околу понудата на македонската влада за намалување на сумата во висина од 40 милиони долари кои земјава треба да ги плати со камата. Македонската Влада бара оваа сума да се намали, бидејќи не бил испочитуван купопродажниот договор од страна на  рафинеријата. Од Хеленик за Алсат велат дека нема да коментираат за да не наштетат на арбитражата.

„Групацијата ХЕЛЕНИК ПЕТРОЛЕУМ не би сакала да коментира за случај што во моментот е предмет на меѓународна арбитражна судска постапка“, велат од Хеленик Петролеум.

Пред два дена Алсат дојде до документот со кој се потврдува дека Владата побарала висината на тужбата Хеленик Петролеум да се намали за речиси девет милиони долари со образложение дека и од грчка страна не е испочитуван договорот за продажба на ОКТА. Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека преговори се водат со Хеленик,  но и тој не сакаше да даде детали.

„Јас сум убеден дека со аргументи, со преговарање можеме да најдеме решение  кое ќе биде вин-вин ситуација и за нашата држава но секако и за инвеститорот“, вели министерот Бектеши.

Хеленик ја тужи Владата поради не купување на 500.000 тони годишно мазут, колку што било предвидено со договорот за продажба на ОКТА. Според информации на Алсат на 24 ти јули е закажано ново рочиште на арбитражниот суд во Париз. Конечната пресуда според планот треба да биде донесена оваа есен. Ова е втора тужба од Хеленик- за првата, земјава плати сума од 40 милиони долари.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...