Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека „договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија можно е да се постигне во 2019 година. Во изјава за британскиот весник „Гардијан“, косовскиот претседател изјави дека демаркацијата на границата со Србија може да биде дел од договорот, но тоа не значи поделба на границата по етничка линија.

„Ние, треба да седнеме и со нашите непријатели, да се обидеме да се слушнеме едни со други, но без никакви предуслови“, изјави Тачи.

Но, косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги обвини претставникот на ЕУ Федерика Могерини и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан дека нивните изјави за коригирање на границите им изгубија една година на ЕУ и на Балканот. Според него, ако не се зборуваше за оваа тема, може би договорот меѓу Косово и Србија ќе се постигнеше. Тој ги даде овие коментари на прашањето за изјавата на комесарот Хан, дека не ја исклучува можноста да се зборува за корекција на границите ако се согласат Косово и Србија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...