Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека треба да се почитуваат временските рокови за одржување на избори. Според Харадинај, нема причина да се одложуваат изборите. Во интервју за Радио Слободна Европа Харадинај, ги кажа причините што го натераа да се откаже од премиерската функција. Вели дека не постои обвинение против него и дека во Специјалниот суд е поканет само на разговор. Харадинај нагласи дека во овој период, додека Владата не поднесе оставка, не треба да се дозволуваат никакви вакуми, какви било неправилности. Според него, ситуацијата во Косово е стабилна. Харадинај нагласува дека е важно во временска рамка од околу два месеца  да се одржат нови избори.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...