Не е соодветно за претседател на држава да одбие да разговара со премиер, со министер за надворешни работи за да добие информации од прва рака, вели еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

„Мислам дека премиерот и министерот за надворешни целосно ги почитуваа уставните насоки и можам само да го повикам итно претседателот да преземе одговорност. Ова не е прашање на прифаќање, но во демократија може да очекуваме да се слушаат луѓето меѓусебно и да дискутираат и не треба да се заборави дека шеф на држава е на некој начин модел за многу луѓе во една земја. Претседателот како директно избран има специјална позиција и одговорност и треба да е свесен за тоа, инаку и наштетува на функцијата, вели меѓу другото Хан во интервју за МИА.

Извор: РСЕ

Shpërndaj me