Еврокомесарот Јоханес Хан му порача на Ѓорге Иванов да стои настрана од судските постапки. Во тој дух беше неговиот одговор во интервјуто за весникот „Независен“, прашан во врска со барањата за амнестија за 27 април.

Јоханес Хан, Еврокомесар за проширување:

Како и во претходните слични прилики, можам само да апелирам до претседателот во заминување да не се меша во тековните судски постапки.“

Од  Кабинетот на Иванов повеќе од една недела молчат за барањата за амнестија. Залудни се и нашите обиди телефонски да ги добиеме портпаролите на претседателот чија работа е да комуницираат со новинарите. Повеќе од една недела нашата редакција чека одговор на следниве прашања:

ТВ Алсат:

– Кои од осудените за 27 април поднеле молба за помилување?

– Дали претседателот ќе постапи по нивните молби и дали веќе се разгледуваат барањата на осудениците?

– Има ли претседателот право дa ги помилува?

Адвокатот Драган Пешевски кој беше бранител на обвинетиот Горанче Ангелов – Ќосето, кој доби 12 години затвор, вели дека сите кои не беа опфатени со амнестијата изгласана во Собранието, се надеваат на аболиција од Иванов.

„Јас можам да ви потврдам за мојот штитеник дека тој има поднесено барање, не знам дека лично или преку неговото семејство, но неофицијално можам да ви потврдам дека сите обвинети од предметот ‘27 април’ имаат поднесено барања за аболиција. Јас сум генерално против амнестии и против аболиции и против помилување, но откако веќе го имавме оној закон за амнестија којшто го имавме, сметам дека ова ќе биде исправање на неправдата нанесена со тој закон“, рече адвокатот Пешевски.

Со првостепената пресуда за крвавиот четврток, 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години казна затвор. Меѓу они кои не беа опфатени со амнестијата се и Митко Чавков, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски – Нинџа и Абдулфета Алими.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...