Дел од екипата на „Медена земја“ вака ја прими веста за двете номинации за Оскар на  документарниот филм Медена Земја. Видеото на фејсбук го објави Самир Љума кој се потпишува како еден од снимателите на филмот кој изминатва година собраа дестици престижни награди на светски кинематографски  натпреварувања.

Американската филмска академија денеска објави  дека документарниот филм „Медена земја“ е номинаран за наградата Оскар во две категории – за најдобар документарец и за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје. Се работи за  историски успех, бидејќи за прв пат македонски филм ќе се натпреварува за Оскра во две категории. Во категоријата најдобар документарец, беа квалификувани 159 филмови од целиот свет. Медена земја влезе меѓу 15 те најдобри, а од денес е меѓу петте кои имаат еднакви шанси да се закитат со Оскарот. Во трката за најдобар странски филм беа пријавени 91 филм и Медена земја исто так успеа да биде номинирана за големата филмска награда.

Документарниот филм „Медена земја“ ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена која одгледува диви пчели во Европа и живее сама со својата мајка во централна Македонија. Идјеата е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа. Режисери се  Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продукцијата и монатжата се на Атанас Георгиев, а снимaтели  се Самир Љума и Фејми Даути.

Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување. Филмот повикува на скромност, а кога ја гледаме љубовта во очите на гледачите, силно веруваме дека пораката е препознаена и дека скромноста е новото време низ кое со радост ќе зачекориме.

Церемонијата на доделување на најпрестижната филмска награда ќе се одржи во Лос Анџелес. Дали „Медена земја“ ќе се закити со Оскар ќе се знае на 10 февруари.

Igor Stefanovski

Loading...

Shpërndaj me

Loading...