Шефот на Ф-1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, рече дека нивната добра форма можеби нема многу да им биде од помош на престојната трка за Големата награда на Азербејџан, што викендов ќе се вози низ улиците на главниот град Баку.

Мерцедес победи на сите три трки во новата сезона, па нивните возачи, Луис Хамилтон и Валтери Ботас се на првите две места на бодовната листа.

Уште од самиот почеток на сезоната се покажа дека овогодинешниот болид, W10, лежи доста подобро од главниот конкурент – Ферари, па се надеваат дека и оваа сезона ќе го повторат минатогодишниот успех.

„Следната станица е Азербејџан, каде во минатото можевме да видиме некои интересно трки. Па така и оваа година очекувам нешто слично. Самата конфигурација на патеката претставува предизвик и ќе биде интересно да се види кој тим ќе најде најдобар компромис меѓу брзите правци и бавните кривини. Патеката во Баку не бара само чисти перформанси, туку мора да се внимава и на други работи. Можеби добрата форма ништо нема да значи“, изјавил Волф.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...