Тимот на Шкендија доминираше на свеченоста организирана од ФФМ. Двете најважни награди “фудбалер на годината“ и “најдобар стрелец“ за 2018 година завршија кај нивниот фудбалер, Бесарт Ибраими.

“Секако дека имам емоции за двете награди што ги добив вечерва. Сакам да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да стигнам до овие награди, особено на моето семејство, моите соиграчи, стручниот штаб. Уште еднаш благодарам на сите. Моментално сум повреден, но овие признанија ми даваат дополнителен мотив на теренот да се вратам уште посилен“, рече Бесарт Ибраими, фудбалер на Шкендија.

Кај тетовскиот тим заврши и наградата за фер-плеј, најдобра екипа во младинските категории, а Енес Фазлагиќ беше прогласен за најдобар млад фудбалер. За двојната круна во 2018 година, Ќатип Османи, тренерот на Шкендија е прогласен за тренер на годината.

“Ова е резултат на работата на сите во клубот, колективна работа за што чекаме и во наредните години да даде резултати. Ова номинација секако дека не мотивира уште повеќе, за подобри резултати од ова што го постигнавме“, рече Ќатип Османи, тренер на Шкендија.

Јахја Абдулхади е најдобар голгетер кај младите, а во женска конкуренција беше издвоена Илза Максути.

“Многу сум среќна што сум дел од ова манифестација и се надевам дека следната година ќе бидам уште подобра и да ја добијам наградата за надобра фудбалерка и најдобра голгетрка“, изјави Илза Максути, фудбалерка на АС Јунајтед.

Наградата за посебен придонес во развојот на фудбалот ја доби Горан Пандев, а за најдобар фудбалер кој игра надвор од Македонија беше прогчласен Енис Барди. Двајцата фудбалери, поради обврски со нивните клубови не беа дел од гала вечерата, но сепак тие преку видеоврска се обратија и упатија благодарност за наградите.

Махир Тачи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...