Фудбалската репрезентација на Македонија ја освои втората победа во четвртата група во девизијата Д во Лига на Нациите, победувајќи го главниот конкурент, Ерменија, со 2:0. Стрелци на головите беа Езѓан Алиоски од белата точка и Горан Пандев. Во меѓувреме, иако задоволен од играта и постигнатите резултати, тренерот Ангеловски верува дека досегашните успеси се само дел од работата за пласман на ЕП 2020.

Од ерменскиот кампус оценија дека Македонија максимално ги искористила шансите, но имаат сомневања за пеналот кој ù беше досуден на Македонија во 13-тата минута.

„Македонија нè изненади, немаше никаква логика за пеналот во првото полувреме, ние почнавме со друга стратегија, но им го дадовме поседот на топката во првото полувреме. Потоа ја сменивме стратегијата и требаше да постигнеме гол. Фудбалот се игра за да се даде гол, Македонија имаше две шанси и постигна 2 гола. Имаме тимска игра, но треба да имаме повисоко ниво на игра и треба да ги користиме нашите сопствени шанси“, рече Вардан Минасјан, тренер на Ерменија.

Сега Македонија по два натпревара има 6 поени и с енаоѓа првата позиција во групата. Втор е Лихтенштајн, а потоа следуваат Ерменија и Гибралтар. На 13 октомври, Македонија ќе го пречека Лихтенштајн во Скопје, а Гибралтар ќе игра со Ерменија.

Махир Тачи

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com