Сега сè е официјално, бидејќи по медицинските прегледи во Загреб дошле до заклучок дека Аријан Адеми ќе биде надвор од зелените терени најмалку четири недели. Според медицинските извештаи, играчот од средниот ред Адеми нема да биде подготвен за двата натпревари на репрезентацијата на Македонија, со Гибралтар и Ерменија, кои се дел од Лига на нациите.

Адеми на натпреварот Динамо Загреб – Јанг Бојс ја напушти играта во 32 минута, а по медицинските прегледи беше констатирано повреда на мускулите. Македонскиот селектор Анѓеловски на средбата со новинарите изјави дека ако резултатите на Адами би биле негативни, тој на негово место нема да покани ниту еден нов играч во репрезентација за овие два натпревара во септември.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com