Ален Роберт, познат во целиот свет како француски „спајдермен“, се обиде да се искачи на петтиот највисок облакодер во светот. Станува збор за Лотте Ворлд Твон, во главниот град на Јужна Кореја, Сеул. Роберт се обиде да ги искачи неговите 123 катови без јаже и друга заштитна опрема, но кога стигна на половина, дошла полиција.

„Не се предадов, туку ме фатија. Полицијата играше со мене како мачка со глушец и ме принудија да прекинам. Ако не дојдеше полицијата, ќе се качев до врвот“, рече Ален Роберт, француски “Спајдермен”.

Конфликтот со локалните полиции не е ништо ново за францускиот спајдермен, кого често пати го апсат при слични нелегални обиди. 55-годишниот акробат е познат и по екстремни искачувања на карпи и облакодери во слободен стил без заштитна опрема.

Шефкије Аласани

Shpërndaj me