Францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Предлог-законот беше усвоен без измени на 9 октомври 2019 година од страна на Комитетот за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, по извештајот на сенаторката  Жоел Гаријо Мајлам. 

Останува договорот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање, по што тој дефинитивно ќе биде ратификуван од Франција.

Досега 24 земји-членки целосно го завршија процесот на ратификација. Вчера тоа го сторија Италија и Велика Британија.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Но, засега неизвесно е дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент. Двата дома на Парламентот се распуштени. Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд. Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

МИА

Loading...

Shpërndaj me

Loading...