На брегот на Велингтон, во Нов Зеланд изутрината осамна огромна лигња со должина од четири метри. Ја пронашле тројца локални жители кои оделе на утринско капење. Пред да ги повикаат крајбрежните служби тие направиле неколку фотографии и ги информирале медиумите.

Биолозите потврдиле дека станува збор за лигња, но биле моше изненадени од појавата бидејќи, иако според литературата овие без’рбетници може да дистигнат должина и до девет метри, ваков примерок не бил забележан од 2004 година.

Научниците откриле дека имаат информации оти во студените води на Антарктикот може да се сретнат примероци со должина и до 14 метри.

Таквите џинови често пати биле споменувани и во наредните преданија и текстови во кои се говорело за морски чудовишта кои можеле да ги превртат рибарските бродови.

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com