Три лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа што рано изутринава се случи на патот Приштина- Урошевац. Случајот за косовските медиуми го потврди портпаролката на полицијата за приштинскиот регион, Флора Ахмети.

„Денеска околу 03:00 часот, добивме информации за сообраќајна незгода на патот Приштина – Урошевац. Во несреќата е вклучено едно возило. Три лица се повредени и се испратени на лекување. Полицијата го расветлува случајот“, информираше Ахмети.

Според неофицијални информации, возачот загубил контрола и удрил во предмет на урбана инфраструктура.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...