Океаните во светот се уште се една од најголемите мистерии кога станува збор за живот на нашата планета. Деновиве жителите на Нов Зеланд ги вознемирија остатоци од необично суштество кое брановите го беа исфрлиле на една плажа.

„Мојата прва помисла беше дека станува збор за вонземско суштество. Но, истовремено бев и многу фасцинирана од него“, вели Хана Мери, една од локалните жители.

Вознемирените жители случајот го пријавиле кај локалните власти, кои пак, стручна експертиза побарале од специјалистите за подводни истражувања.

„Станува збор за скелет на мажјак од видот Dipturus nasutus, кој живее на големите океански длабочини“, објаснил Др. Малком Францис од Институтот за води и атмосферски истражувања во Нов Зеланд.

Станува збор за риба со ‘рскавично тело, слично како тоа кај ајкулите,   со мошне добро развиени заби и вилици.

Loading...

Shpërndaj me