Некои места на земјава би ги избегнале и најупорните авантуристи, но и таму живеат луѓе и тоа во најсуровите услови на нашава планета.

Островот Питкерн

Лежи на половина пат меѓу Нов Зеланд и Америка. Тој е едно од најоддалечените места на Земјата. Долг е само 10 километри, а широк четири. Денес има многу малку жители. Таму има една продавница во која се продава само по нарачки и тоа подготвени три месеци однапред. Денес островот има струја и интернет, и многу пријатна клима, но не привлекува потенцијални жители. Имено, неодамна оваа британска прекуморска територија стана центар на вниманието на целиот свет поради големиот број сексуални злоупотреби на децата.

 

 

 

 

 

 

Итокортормит

Гренланд сам по себе и онака е мошне изолирано место на нашата планета, но таму има населба дополнително отсечена од светот. За нив животот навистина не е лесен, бидејќи девет месеци во годината до нив не може да дојде никој заради големите наноси од снег и мраз. Околу 450 жители преживуваат главно од лов и риболов во мразот. Два месеца во годината, од средината на ноември до средината на јануари, тие се во целосен мрак. Меѓутоа, оние кои ќе успеат да дојдат до оваа населба ќе видат дека таа е опкружена со прекрасни национални паркови, а нејзините жители живеат во куќички со јаки бои.

 

 

 

 

 

Чангтанг

Се наоѓа на “покривот на светот”. Со надморска височина од над 4.000 метри, местото покрива голема површина од Тибет, на границата со Индија. Областа е огромна, но најчесто ненаселена, освен со снежните леопарди, кафеава мечка, сината овца и дивата свиња. Чангтанг е дом на номадски луѓе кои заработуваат за живот одгледувајќи домашни животни.

Уткијагвик

Некогаш познат како Бароу, Укијагвик е најсеверниот американски град и се наоѓа во Алјаска. Областа е само околу 55 километри квадратни, и е 515 километри северно од Арктичкиот круг. Тука живеат околу 4.000 луѓе, главно од племето Инупиат.

Ојмјакон

Оваа населба официјално е најстудената постојана населба на планетата. Лоцирана е во Сибир, а температурите паѓаат до 67 степени под нулата, што е најниска температура на Земјата, неспоредлива со Антарктикот. Неговото име значи “вода што никогаш не се смрзнува”, и е именувана по изворите на топла вода.

Loading...

Shpërndaj me