Смарт телефоните со милион опции, ајпадите, малите компактни фото апарати и семоќните модерни лаптопи, се неизбежен дел од нашето секојдневие. Овие направи, на кои денешниот човек е навикнат и без кои тешко би можел да функционира се резултат на достигнувањата и развојот на технологијата.

Но, дали некогаш додека лежерно шетате по тач скринот на вашата омилена „играчка“, сте помислиле како таа би изгледала ако технологијата не одеше напред низ годините? Што ако мобилните, лаптопите, фото апаратите останеа на своите првични верзии и не се создадоа нови, подобрени модели?

Еве какви ќе беа!

Озборн 1, е првиот направен лаптоп, а во продажба бил пуштен во април, 1981 година, од страна на Osborne Computer Corporation. Тежел скоро 11 килограми и бил сместен во кутија која не се одделувала од компјутерот. Озборн 1 имал 5 инчен екран и 4MHz процесор. Немал мобилна батерија, со струја се напојувал преку кабел директно од штекер, но и покрај тоа се сметал за лаптоп бидејќи можел да се носи во раце кога бил исклучен и спакуван во кутијата.

Motorola Dyna е првиот мобилен телефон и датира од 1973 година. Тежел повеќе од еден килограм, имал облик на голема бела тула, батериите му се полнеле за 10 часа, а се празнеле за 20 минути.  Имал можност за меморирање на 30 броеви и тоа е се`. Без можности за смс, блутут, GPS…

Loading...

Shpërndaj me

Loading...