Џудит Стренг, бабичка авантурист којашто заедно со нејзиниот син заминала во посета на еден вулкански остров во близина на Исланд, за малку избегнала сериозна трагедија по нејзиниот живот. Додека се сликала на крајбрежјето забележала интересна фигура од мраз, којашто ѝ заличела на престол, па седнала да се фотографира на него.

А, штотуку почнала да се чувствува како кралица на островот, еден поголем бран го откинал престолот од карпата и го повлекол во морето, заедно со бабичката на него. За среќа крајбрежната стража била во близина, па интервенирала и веднаш ја извадиле од морето.

„Парчето мраз ми изгледаше удобно за седнување, како некој престол. Но, одеднаш еден голем бран ме повлече со себе“, изјавила Џудит.

Сликите коишто нејзиниот син ги направил во моментот на случувањето за кратко време се појавија во повеќето друштвени мрежи.

Shpërndaj me