Тимот на Ред Бул претрпе големи финансиски загуби поради одложување на првите седум трки во новата сезона во Формула 1. Советникот на австрискиот тим, Хелмут Марко соопшти дека Ред Бул претрпел голем финансиски шок.

„Сите екипи изгубија поради одложување на трките, а ние имаме загуби од 100 милиони евра“, изјави меѓу другото советникот на тимот.

Во меѓувреме, тимовите во Формула 1 бараат регулирање на трошоците и ревизија на финансискиот правилник, со цел буџетите на тимовите да се спремат подобро во 2021 и 2022 година. По одложување на првите осум трки, сезоната може да почне на 14 јуни со Големата награда на Канада.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...