Тргнуваме заедно на мало патување низ времето. Се враќаме во седумдесеттите години од минатиот век, кога вистинска гордост на секое домаќинство во поранешната СФРЈ беше ова симпатично возило, кое деновиве го прослави својот 63-ти роденден. Белград, Загреб, Сараево и Љубљана се само дел од градовите каде, во чест на славеникот, се одржаа повеќе собири посветени на популарното „фиќо“, кое никој никогаш не го нарече со вистинското име – „застава 750“.  Автомобилот првпат бил претставен на авто саемот во Женева 1955. Истата година почнал да се произведува како верзија „Фиат 600“ и за кратко време се продале еден милион возила. Во поранешната СФРЈ фиќото се произведуваше во фабриката „Застава“ во Крагуевац, Србија.

„Ова е најстарото фиќо на просторите на поранешна Југославија. 55-тта година, увезен е од Италија. Вистински Италијанец, „фиат 600“. Јас го имам 10 години. Го возам само за собири или за викенд. Инаку, го чувам во гаража“, вели еден сопственик на „фиќо“.

„Кога си во него срцето чука поразлично“, согласни се сопствениците на овој автомобил чии модели се уште може да се сретнат низ улиците на овие простори. Интересно е тоа што за најстарите примероци, доведени во добра состојба, се нудат повеќе од 20.000 евра. Сепак, чичковците зад воланот не сакаат ни да слушнат за продавање. Своевремено, овој автомобил беше во употреба во брзата помош, милицијата, поштата и во сите авто-школи. Заради тоа, слободно може да се каже дека во социјалистичка југославија, немало возач кој не седнал зад воланот на овој автомобил. Последното Фиќо е произведено во 1985 година и се чува во просториите на фабриката „Застава“.

Петар Блажевски

Shpërndaj me

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com