Фудбалските репрезентации на Македонија и на Албанија тапкаат во место на најновата ранг листа објавена од ФИФА. Македонија со 225 поени останува на 133 – то место, а албанската фудбалска репрезентација со 533 поени го зачува 66 – то место. Косово со 112 поени е рангирано на 172 – то  место. А кај„топ десетте“ репрезентации нема промени во најновата ранг листа на ФИФА за април. Исто како пред еден месец, Бразил е најдобриот национален тим, а меѓу петте најдобри репрезентации се наоѓаат четири јужноамерикански национални тимови. Германија го држи третото место.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...