ФИФА донесе одлука да направи низа измени во правилата за фудбал, меѓу кои е и она за кои многумина веруваат дека е најбизарното, а според кое противнички фудбалер не смее во 16 метарскиот простор да спречи исфрлање на топката при можен автогол.

Со ново правило и натаму ќе се забранува на играчите да влезат во шеснаесетникот пред голманот да ја шутне топката, но штом ја допре, играчите, благодарение на оваа измена, ќе можат да влезат во казнениот простор и да го пресечат додавањето.

Како што и претходно беше пракса, новитетите во светот на фудбалот ќе се тестираат на Светското клубско првенство во Абу Даби.

Се очекува да биде воведено и правило дека при замена, фудбалерот што го напушта теренот нема да мора тоа да го стори од центарот, туку од најблиското место каде што ќе се најде. Со ова се предвидува спречување на одолговлекувањата и побрзо продолжување на играта.

Исто така, се очекува следната сезона да биде заострена казнената политика, па така, секој што ќе добие црвен картон задолжително го пропушта следниот натпревар, без оглед за каков натпревар ќе стане збор и кој ќе биде негов покровител.

Наведените промени би требало да бидат официјално усвоени во март 2019 година.

Постојат и дополнителни предлози за жолти и црвени картони кон тренерите, изведување на пенали според системот АБ-БА-АБ-БА-АБ, промена на правилата за влез во казнениот простор при изведување на пенал, како и предлог живиот ѕид да биде составен само од играчи од екипата која што се брани.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...