Поради проблемите во последните години, ФИФА одлучи да изврши промени во делот на повторно почнување на натпреварот, односно откако топката ќе ја помине белата линија или гол ауотот. Постоечкото правило вели „Противничкиот играч не може да влезе во казнениот простор до моментот кога голманот шутира и топката излегува од шеснаесетникот. Инаку, новото правило е исто, но со друга модификација. Противничкиот играч може да влезе во казнениот простор за да ја земе топката, но само од моментот кога голманот ќе ја шутне топката, а таа не го поминала шеснаесетникот“.

Замена

Следната година, се очекува ФИФА да го смени правилото на замена на играчи. Предложената промена вели – играчот кој треба да ја напушти играта може да излезе од било кој дел на теренот а не само во средина каде се спојуваат линиите на теренот.

Картони

Една од новостите од ФИФА подразбира дека играчот кој добива црвен картон мора да го пропушти следниот натпревар, без разлика во кој натпревар го добил црвениот картон. Исто така се разгледуваат и други промени. Предвидените промени треба да добијат соодветен број гласови и ако се усвојат на сила ќе стапат од март следната година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...