Извозниците бараат од државата финансиска и логистичка поддршка. Сметаат дека при промоција на нивните компанија на саеми во странство, бенефит може да има и македонската економија. До Владата испратија иницијатива со неколку барања меѓу кои и во државава да има една институција надлежна за извозните компании а не неколку, како досега чиј буџет ќе биде долгорочен и финансирање национален штанд на кој ќе се промовираат домашните фирми на странски пазари. Тој не би требало да биде најевтиниот, туку најатрактивниот дел од саемскиот простор.

„Ние бараме бараме дел од тие средства да се покријат. Дали за штандот, дали за просторот да ни се покријат некои средства затоа што посета на еден саем е минимум 0д 25 до 30 илјади евра за помал штанд“, рече Горан Антевски, заменик претседател на Клуб на извозници.

Извозниците сметаат дека државата треба да им помогне бидејќи се соочуваат со проблеми, како што се растот на цената на енергенсите и недостигот на работна сила. Велат дека само со зголемен број учества на меѓународни промоции, домашните фирми може да го зголемат опсегот на бизнис партнери и на соработници.

„Еден од предизвиците е обезбедување на квалификувана работна сила. Формите треба да работат на задржување на кадрите и да привлечат нови кадри кои ќе бидат со соодветно образование“, рече Глигор Цветанов, претседател на Клуб на извозници.

Во првите пет месеци, трговската размена на земјава со странство изнесува близу седум  милијарди долари. Вредноста на извезената стока од земјава е проценета на без малку три милијарди долари а речиси четири милијарди долари е вредноста на увезената стока. Најмоќната економија во Европа, Германија подолго време е нашиот најдобар бизнис партнер. Во неа се извезуваат речиси половина од нашите производи.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...