Бизнис-секторот во Македонија може да добие удар од излезот на Велика Британија од Европската унија во процесот познат како Брегзит. Сепак, трошоците за трговските односи меѓу двете земји ќе зависат од пактот за отцепувањето на Велика Британија од главното европско семејство, односно дали ќе останат во игра некои од старите правила за слободна трговија. Ако потфрли договорот меѓу Британија и ЕУ, бизнисмените стравуваат дека последиците би биле многу сериозни токму поради падот на извозот.

Бизнисите кои тесно соработуваат со Велика Британија и ги извезуваат своите производи главно во оваа земја веќе почнаа да бараат нови алтернативни пазари.

Македонија во моментов со земјите на Европската унија соработува во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Останува да се види дали соработката со Обединетото Кралство ќе продолжи или не во оваа форма. Врз основа на официјалните податоци, трговијата со Лондон од јануари до септември годинава изнесува 590 милиони евра. Вредноста на извозот е 78 милиони, а увозот 512 милиони евра. Од друга страна, директните инвестиции од Велика Британија до септември оваа година изнесуваат 23 милиони евра.

Семра Мусаи

Loading...

Shpërndaj me