Мерката за субвенционирање на придонеси  да важи само за оние кои примаат до 24.000 денари плата, зашто само така Владата ќе ја намали сивата економија – платата во плико, препорачуваат од Finance Think. Според нивната анализа мора да се има претпазливост по истекот на трите години од мерката за да не дојде до намалување на бројот на вработени.

„Вака дизајнирана мерката таргетира општ пораст на платите а не само платата во плико, и отука потребно е размислување во насока редизајн на оваа мерка, и тоа ограничување на субвенционирањето на плати само до 24.000 денари со што би се опфатиле 85,7 проценти од примателите на плата во плико. Истовремено дополнителни мерки се потребни како што се мерките кои ќе бидат казниви и поинтензивна работа на државниот испекторат на труд се со цел овие афирмантивни мерки и потикнувачки мерки да бидат паралено следени со казнивос за сивата економија“, изјави Благица Петрески, „Фајненс тинк“.

Очекувањата на Владата се дека оваа мерка ќе придонесе за раст на просечната нето плата, а пензинскиот и здравствениот фонд сепак ќе добиваат средства од централниот буџет.

„Ако ние како држава потрошиме 40 милиони евра да ги субвениционираме таквите придонеси односно да ги платиме придонесите во нивно име, тоа значи дека сите фирми во нашата држава дале над 100 милиони евра повеќе плата кај вработените, па јас ќе кажам следното дај боже да влезат повеќе да 100 милиони евра кај граѓаните, па тие граѓани тие пари нема да ги чуваат ќе ги потрошат, ќе купат нивни добра за тие добра ќе платат ДДВ ќе се зголеми прометот во државата“, рече Кочо Анѓушев- вицепремиер задолжен за економски прашања.

Оваа мерка за субвенционирање на придонесите ќе се однесува за сите плати од минималната до највисоката, за сите вработени и сите фирми независно од големинта и дејноста која ја вршат. Таа треба да стартува на 1 октомври годинава.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...