Микро, малите и средни претпријатија имаат на располагање пет милиони евра за воведување иновации во своето работење. Три милиони евра обезбеди државата од буџетот, а останатите два милиони евра се од Светска Банка. Огласот за аплицирање го објави Фондот за иновации и технолошки развој.

Бизнисмените пресметале дека фирмите кои се иновативни имаат за 15 отсто побрз раст од неиновативните, побрз раст на конкурентноста и продуктивноста, а со тоа и побрз раст на платите. Новина на овој повик е што за финансиските средства може да аплицираат и приватни здравствени установи со доминантна домашна сопственост.

„Компаниите немаат обврска да ги враќаат средствата на фондот, меѓутоа логиката дека фондот или државата учествува во реализацијата како партнер во инвестицијата логиката е да учествува и во успехот на самата инвестиција. Односно се воведува обврска да, по успешна комерцијализација на иновацијата и почеток на остварување на приходи од самиот проект, пет отсто од годишниот  приход во првите пет години се уплаќа назад во фондот“, рече Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации.

Loading...

Shpërndaj me