Во неколку куќи во с. Љуботен, денеска во раните утрински часови, финансиската полиција со помош на специјалната единица преземаа акција, како што велат, против шверц на тутун. Мештаните велат дека не се шверцери, туку со оваа дејност се занимавале за да ги прехранат семејствата.

„Полицијата употреби сила, кај мој роднини ја скршија вратата без да предупредат. Треба да се тропа на врата, да се покаже налогот а не да удираат врати, да ги плашат децата во пет часот наутро. Ова не е нормално“.

„Дојде министерот на СДСМ и ни кажа да работиме слободно, а денеска праќа полиција да ни запленува. Ние со ова ги одржуваме децата, а тие доаѓаат и ни ги зимаат. Кај мене и други низ селото, земале тутун“.

Жителите го блокираа патот на селото. Велат дека не се работи за шверцуван тутун, туку за производ што го одгледуваат на нивите. Таму беше и градоначалникот на општина Бутел кој разговараше со мештаните и со полицијатаПо неколку часови блокада, финансиската полиција продолжи да го запленува тутунот и пронајдените машини за негова обработка и пакување. Првиот човек на месната канцеларија се пожали дека проблем е тоа што за тутунот кој го произведуваат не добиваат субвенции, ниту може легално да го продаваат.

Реџеп Имери- претседател на месната заедница на Љуботен

„Цената која ја нуди државата не е доволна, а ние треба да работиме за да преживееме. Државата наоѓа причина тутунот да го плати поевтино. Не сме задоволни, поради ова мештаните сега ќе бараат друг пазар“.

Од финансиската полиција велат дека се работи за сериозен шверц со тутун и негова преработка кој освен милионска финансиска штета, предизвикува и сериозни здравствени проблеми.

Директорите на царината и на финасиската полиција велат дека цел на акцијата биле фирмите кои шверцувале тутун од соседните земји а на мештаните им го давале да го преработуваат и да го пакуваат, по што тој нелегално се продавал на пазарот.

Аднан Љаили

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...