Министерство за финансии планира да му додели 64,3 милиони евра повеќе на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за догодина, според драфт предлог-буџетот за 2020 година до кој дојде Алсат. Иако од самиот Фонд за наредната година побарале само дополнителни 17,8 милиони евра, Финансии самоиницијативно планира да му се додели плус 46,5 милиони со што вкупното зголемување ќе биде 64,3 милиони евра. Во проценти, ова значи зголемување за 5,4 насто.

Алсат се обиде да добие одговор од министерката за финансии Нина Ангеловска дали зголемениот буџет за ПИОМ ќе значи скриено покривање на дефицитот со кој се соочува Фондот? Доколку е така дали ова би значело и оти пропаднале пензиските реформи кои прво требаа да го стабилизираат дефицитот на Фондот, потоа тој да почне да се намалува.

„Не би сакала да коментирам за нешто што не е излезено во јавноста. Да оставиме да биде буџетот донесен на владина седница, бидејќи дотогаш е подлежен на промени“, вели министерката Ангеловска.

Пензискиот фонд со години наназад се соочува со кусок на пари, па секоја година е неопходно да се одвои дополнителна сума од државната каса, но и екстра пари со редовните ребаланси на буџетот. За годинава буџетската дотација на ПИОМ за да може да се исплатата тековните пензии изнесуваше околу 457 милиони евра. Според Министерството за труд, оваа година кусокот на пари во ПИОМ се намалил за околу 27 милиони евра, а во 2018-тта за околу 30 милиони.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...