Од минатата недела во Клиничкиот центар функционира проектот што Министерството за здравство го работи заедно со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ кампусот, да стигнат до потребната клиника, до соодвената локација, потребното снимање, преглед или анализа, вели во видео обраќање министерот за здравство Венко Филипче.

Посочува дека досегашниот тек на активности покажал дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. Волонтерите, истакнува Филипче, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. Тие имаат поминато претходна обука за основите на првата помош, комуникација и техники за комуницирање, како и психолошка поддршка.

Во текот на обуките за проектот, волонтерите добиле знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица, кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациенти, како и водење на сите тие кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).

Loading...

Shpërndaj me

Loading...