Од 1 октомври, по препишување на лекови од матичниот лекар, кога ќе треба да се земе од аптека ќе треба да се покаже лична карта или пасош. Од Фондот за здравство велат дека промените доаѓаат поради избегнување на злоупотреба на лекови од пациентите и непречено снабдување на осигурените лица со лекови.

ДЕН ДОНЧЕВ, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

„За децата, лекови можат да земат нивните родители со покажување на лична карта. Лекови можат да се земат и за друго лице, но се разбира, лицето кое зема лек, треба да покаже лична карта“.

Директорот на Фондот, Дончев рече дека постепено ќе се елиминираат и рецептите на хартија и дека ќе се заменат со електронски. Додаде дека ќе се постави систем за скенирање на документи каде секој апарат од овој систем, ќе чини 300 евра и ќе се постави во секоја аптека, која има договор со Фондот.

ДЕН ДОНЧЕВ, ДИРЕКТОР НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

„Во овие новости ќе се опфати и таканаречениот систем „црвено знаме“. Овој систем ќе има посебна важност бидејќи во континуитет ќе следи колку рецепти се напишани од лекарите и кога е надмината дозволената норма на рецепти за еден пациент“.

Фармацевтската комора се спротивстави на мерката бидејќи според нив оваа метода ќе предизвика хаос во аптеките наместо да биде контролен механизам, како што предвидува Фондот за здравство.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me

Loading...