Не престануваат скандалите со социјалната мрежа „Фејсбук“. Вработени во компанијата признаа дека во периодот од 18 до 27 мај приватните пораки на 14 милиони корисници биле достапни на пошироката јавност.

Како што соопштија од компанијата, пропустот се случил поради дефект на дел од компјутерските системи, што биле неодамна откриени и отстранети.

Скандалите околу оваа социијална мрежа почнаа пред неколку месеци кога во јавноста излезе скандалот со откривање на приватните податоци на милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Shpërndaj me