Порталот The Verge објави дека Фејсбук влегува во бизнисот со криптовалути и дека наводно наскоро ќе го претстави своето виртуелно средство за плаќање.

За сега, нема конкретни информации на оваа тема, но од Фејсбук потврдуваат дека секако размислуваат за криптовалути.

“Kако и многу други компании и Фејсбук ја разгледува можноста за употреба на блокчејн технологии. Нов, мал тим ќе ги разгледува опциите од овој домен. За сега, тоа е се што имаме да кажеме”, велат од Фејсбук.

 

Shpërndaj me