По зимските тестови се доби впечаток дека тимот од Маранело најдобро се подготвила за новата сезона. Сепак, после првите три трки очекувањата не се остварени. На двете највисоки места на подиумот застанаа возачите на Мерцедес. Ферари од почетокот покажа дека има мошне добра брзина на правците, но оти прави големи заостанувања на бавните свиоци. Заради тоа, Себастијан Фетел изјави дека наредните неколку недели ќе бидат клучни за развојот на болидот за оваа сезона.

„Имаме мошне јак болид, ништо не му недостасува, но мислам дека можеме да го доведеме во соодветна оперативна состјоба. Почнавме да забележуваме каде ни е веројатно проблемот во трка. Следните неколку недели ќе бидат мошне важни за нас бидејќи ќе треба да го насочиме развојот за следните неколку месеци“, изјавил германскиот возач.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...