Како што пренесуваат одредени германски медиуми, Себастијан Фетел би можело својата кариера да ја заврши на крајот на оваа Ф-1 сезона. Германецот во боите на Ферари е во тешка ситуација откако  италијанскиот тим не покажа добри перформанси од почеток на сезонава, така што шампионатот полека им бега од раце. И покрај тоа што Фетел има договор до крајот на 2020 година, според Џо Савард, долгогодишен британски новинар, неговото пензионирање би можело да се случи една година порано.

“Најшокантната приказна што се рашири во Монако е дека Себастијан Фетел размислува за пензионирање на крајот од оваа сезона”, вели Савард.

По освојувањето четири титули со Ред Бул помеѓу 2010 и 2013 година Фетел се обиде да го врати Ферари на победничките патеки, но претходната сезона тој направи неколку возачки грешки што го чинеа тимот шампионска титула, а годинава се соочува со притисок од тимскиот колега, Чарлс Леклерк. Останува отворено големото  прашање – кој ќе биде неговиот наследник. Веќе се споменуваат неколку можни кандидати, меѓу кои и Серхио Перез, Кевин Магнусен, Роман Грожан и Валтери Ботас.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...