Научна фантастика или апсолутна реалност. Тоа е дилемата пред којашто се најдоа многумина туристи откако го посетија фестивалот на технолошки иновации што деновиве се одржа во израелскиот град Тел Авив. Своите неверојатни достигнувања ги претставија инженери и експерти по електроника од целиот свет, кои на посетителите им дозволија самите да се уверат во реалноста која што за кратко време ќе биде дел со сечие секојдневие.

„Оваа камера, поврзана со компјутер, овозможува да се лоцираат само луѓето и потоа да се издвојат од позадината во која што реално се наоѓаат и да се постават во сосема поразличен амбиент. Ова ќе им биде од голема помош на телевизиите, затоа што ја елиминира потребата од зелената позадина во студијата, што се користи кога присутните треба да се прикажат во различно опкружување“, рече Димитриј Каневски, претставник на „Интел“.

Оваа машина пак, може да исткае ѕиден гоблен од која било фотографија што ќе ја ставите во компјутерот.

Своевидна атракција на фестивалот беше ова интерактивно дрво преку кое, само со допирот на вашата рака може да комуницирате со други земји од светот. Се разбира, ако и таму имаат поставено иста опрема. За разлика од телефоните, тука за воспоставување на комуникацијата се користи светлината. Вакви „говорници“ веќе се во секојдневна употреба во некои делови на Шведска. Веројатно прашање на месеци е кога и останатите уреди од овој футуристички фестивал ќе бидат дел од нашето секојдневие.

Петар Блажевски

Loading...

Shpërndaj me