Екипата на Фенербахче го бара фудбалерот на Шкендија, Омар Имери, откако долго време го набљудувала црвено – црниот играч од среден ред. Според турските медиуми, Фенербахче испратил понуда од 350 илјади евра за 19 годишниот играч од среден ред, но Шкендија бара повеќе, бидејќи има договор со Имери до 2021 година. Самиот фудбалер се надева дека ќе ги следи чекорите на Елиф Елмас, кој замина во турската екипа за 180 илјади евра, а сега се бара од најголемите европски клубови и се проценува на 20 милиони евра. Инаку, Омар Имери имаше одлична сезона кај црвено – црните од Тетово, каде во 25 одиграни натпревари постигнал 8 гола.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...